hdr
Во Охрид од изутрина променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и температура до 15 степени. И преку денот ќе се задржи променливо облачно време со услови за повремен дожд. Ќе биде значително посвежо со максимална дневна температура до 18 степени и ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Во Македонија денеска и утре ќе преовладува умерено облачно време со услови за локален слаб дожд и ќе дува умерен до засилен ветер претежно од североисточен правец. Во деновите потоа ветерот ќе ослабува и ќе се задржи стабилно, но посвежо.