Skip to main content

Општина Охрид

Ликовен и литературен конкурс на тема „Со плодови во топли есенски бои исполни ги дланките свои“

Овој еко проект се спроведува во соработка со основните училишта за одбележување на Есенската рамноденица – почеток на есента 23-ти септември. Право на учество имаат сите деца на возраст од 6 до 14 години, ученици во охридските основни училишта.
 |  инфодеск  | 
Конкурс за основци

Согласно Програмата на одделението за заштита и влијание на животната средина за 2023 год. Општина Охрид во соработка со охридските основни училишта објавува ликовен и литературен конкурс на тема „Со плодови во топли есенски бои исполни ги дланките свои“

Овој еко проект се спроведува за одбележување на Есенската рамноденица – почеток на
есента 23-ти септември. Право на учество имаат сите деца на возраст од 6 до 14 години, ученици во основните училишта на територијата на Општина Охрид.

Секое дете има право да учествува со по еден труд (ликовен или литературен).
Вкупниот буџет за реализација на проектот е 30.000 денари. Првонаградените ученици на ликовниот и литературен конкурс добиваат по 7.000 денари, второнаградените по 5.000 денари и третонаградените по 3.000 денари еднократно.

Пријавите по наведениот конкурс да се достават најдоцна до 25. септември, до 12:00 часот, во архивата на Општина Охрид.