Skip to main content

ЈП Охридски Комуналец Охрид

ЈП „Охридски Комуналец“ започна со есенскиот циклус на акции за подигнување кабаст и зелен отпад

Ј.П.„Охридски Kомуналец” на ден 09.09.2023 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) во реонот опфатен со улиците Македонски Просветители, Партизанска, Димитар Влахов, Кеј Македонија, населба Охридати.
 |  инфодеск  | 
Кабаст и зелен отпад

Со првата сабота од месец септември, ЈП „Охридски Комуналец“ – Охрид започна со реализирање на есенскиот циклус на акциите за подигнување кабаст и зелен отпад на територијата на општина Охрид, согласно Календарот за 2023 година.

Ј.П.„Охридски Kомуналец” на ден 09.09.2023 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) во реонот опфатен со улиците Македонски Просветители, Партизанска, Димитар Влахов, Кеј Македонија, населба Охридати.

Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 02.09.2023 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот

Кабастиот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или други пристапни места предвидени за подигнување комунален отпад.