Skip to main content

Општина Охрид

Одбележани 14 години од бродската несреќа

Делегации положија свежо цвеќе на меморијалниот споменик „Солза на Роза“.
 |  инфодеск  | 
Бродска несреќа споменик

Делегација на Општина Охрид денеска положи свежо цвеќе на спомен обележјето „Солза на Роза“, по повод 14 години од несреќата на бродот „Илинден“ во која загинаа 15 бугарски туристи.

Свежо цвеќе на меморијалниот споменик положија и делегации на Република Бугарија и граѓански здруженија.

Бродот „Илинден“ превезуваше 57 патници на релација од Охрид за Свети Наум, а потона во Охридското Езеро на 250 метри од брегот, во близина на автокампот „Елешец“.