ПСС и ТППЕ
Охридските пожарникари се обучуваат за интервенции на тешко пристапен терен
ТППЕ во соработка со ПСС спроведува обуки за пожарникарите за интервенции на тешко пристапни терени.
Тим на територијалната противпожарна единица Охрид изведе обука со спасителите од Планинската спасителна служба. Обуката на пожарникарите се однесуваше за работа на висина и тешко пристапни терени.

„Планинската спасителна служба со својот професионализам, ентузијазам и опременост е водечка во областа на нивното работење во регионот“ – велат од ТППЕ Охрид за соработката со спасителите.




