Skip to main content

8-ми Септември

Бесплатен влез по повод празникот 8 – ми Септември во локалитетите и музеите

Под наслов „Отворен ден за граѓаните“, ќе бидат отворени за посета, со бесплатен влез, повеќе културни установи, музеи и галерии и археолошки локалитети меѓу кои и сите објекти под надлежност на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид.
 |  инфодеск  | 
Робевци

По повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Северна Македонија, под мотото „Гласник на слободата“, Министерството за култура се приклучува во централната прослава, организирана од Владата, со многубројни пригодни манифестации, изложба, концерти на млади уметници и на оперски арии, проекции на наградувани филмови од македонската понова продукција.

Музеј

Под наслов „Отворен ден за граѓаните“, ќе бидат отворени за посета, со бесплатен влез, повеќе културни установи, музеи и галерии и археолошки локалитети меѓу кои и сите објекти под надлежност на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид (Самоилова тврдина, Галерија на икони, Меморијална куќа на Христо Узунов, Куќа на Робевци, Музеј на вода).

Во овие национални установи посетителите ќе имаат можност да се запознаат со постојаните археолошки, етнолошки и историски поставки кои се наоѓаат во установите и кои претставуваат пресек на културниот и историскиот развој на овие региони, соопшти Министерството за култура.