По повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија, градоначалникот Кирил Пецаков упати честитка до граѓаните на Охрид.
8-ми Септември е симбол на Македонското единство, независност и слобода. Ова е ден кога ја славиме нашата национална храброст и нашата определеност за сопствена држава.
Овој празник е ден за заедничка радост и споделување на вредностите кои нè обединуваат како народ и треба да не потсети дека сме сплотени во различностите и посветени на развој и напредок.
Овој ден е паметник на сите оние кои дале значаен придонес во развојот и градењето на нашата држава. Нивните достигнувања и дела треба да бидат вечни извори на инспирација за сите нас.
Драги сограѓани, нашата татковина е многу повеќе од карта на мапа, таа е идентитет и историја, кои треба гордо да ги чуваме и вреднуваме. Да продолжиме заедно да бидеме посветени на вистинскиот пат кон подобра иднина за новите поколенија.
Нека е честит и вековит 8-ми Септември и нека е вековита нашата Република Македонија, стои во честитката на градоначалникот Кирил Пецаков.