Skip to main content

СВР Охрид

Охриѓанец се обидел да поткупи полициски службеници по сторен прекршок

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 
Свр Охрид

На 10.09.2023 во 19.35 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар, во близина на кичевското село Зајас, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода 59 годиѓно лице од Охрид.

„Тој, по сторен сообраќаен прекршок, во личните исправи што им ги дал на полициските службеници, ставил пари како поткуп, а  кои веднаш му биле вратени. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.“ – информираат од СВР Охрид.