Skip to main content

Младински центар Охрид

Театарски работилници за млади на возраст од 15 до 19 години во МЦО

Работилниците започнуваат од 02 октомври со времетрање од 2 месеци.
 |  инфодеск  | 
МЦО

Младински Центар Охрид објави повик за млади за учество во театарски работилници на возраст од 15 до 19 години.

Работилниците започнуваат од 02 октомври со времетрање од 2 месеци. Театарските работилници ќе ги води Јован Цветкоски основач на Независната Аматерска Театарска Група (НАТГ) „Аматер“ од Охрид.

театарски работилници МЦО

„Доколку сте заинтересирани да ги научите основите на театарските вештини, да се надоградите и да учествувате во креирање и реализација на театарски производ пополнете ја пријавата и бидете дел од театарското патување. “ – порачуваат од МЦО.

Линк до пријавата: https://forms.office.com/e/HYFBM6UL9H