По повод 110 години од Охридското востание, делегација на Општина Охрид, денеска положи свежо цвеќе на Спомен-обележјето на востаниците во селото Велгошти. Свежо цвеќе положија и претставници на здруженија и политички партии.
Охридското востание се одржало во септември 1913 година, еден месец по потпишувањето на Букурешкиот договор. На чело на востанието застанале охриѓанецот Петар Чаулев и стружанецот Милан Матов. Биле ослободени Охрид, Струга, Дебар и Кичево во содејство на четите на ВМРО и на албански востаници. Востанието имало тајна поддршка од младата албанска држава и биле формирани тела со мешан состав.