Загинаа 25 рудари во Кина
Најмалку 25 рудари загинаа во пожар во рудник за јаглен во централниот дел на Кина, соопштија во среда кинеските власти.
Најмалку 25 рудари загинаа во пожар во рудник за јаглен во централниот дел на Кина, соопштија во среда кинеските власти.
Спасувачите трагаат по уште пет рудари во рудникот Лисенг, во провинцијата Хунан.
Несреќата се случила во вторник попладне. Причината за избувнувањето на пожарот, како што се соопштува, бил краток спој. Во моментот на несреќата, на 240 метри под земја се наоѓале вкупно 73 работници, од кои 43 успеале да се спасат.
За преостанатите рудари се претпоставува дека се обиделе да се спасат така што се спуштиле уште подлабоко. Телата на загинатите се пронајдени на длабочина од 450 до 640 метри под земја.
Според службени податоци, во 2008 година, во рудниците во Кина загинале 3.125 рудари. Невладините организации проценуваат дека нивниот број е многу поголем.
{loadposition content9}