Ригорозни казни за пијаните возачи
Горната граница за дозволена количина алкохол во крвта за возачите од сегашните 0,5 промили, од среда нема да важи, а полицијата ќе толерира единствено 0,1 промили.
Горната граница за дозволена количина алкохол во крвта за возачите од сегашните 0,5 промили, од среда нема да важи, а полицијата ќе толерира единствено 0,1 промили.
Ова се дел од измените на Законот за безбедност на сообраќајот, со кој се предвидуваат парични казни од 200 евра и тримесечно одземање на возачката дозвола за возачите кај кои ќе бидат измерени од 0,1 до 0,5 промили.
Казните за возачите со над 0,5 промили ќе бидат одредувани пропорцијално во зависност од нивото на алкохол во крвта. Секој возач што ќе одбие да биде алкотестиран ќе треба да плати казна од 500 евра, која се преполовува доколку биде платена во рок од осум дена.
{loadposition content9}