Skip to main content

Православните христијани денес го слават Бадник

Празникот го најавија коледарите, кои од раните утрински часови одат по домовите и со песна на вратите ја навестуваат радосната вест за раѓањето на Исус Христос.

badnikar
бадникар

Празникот го најавија коледарите, кои од раните утрински часови одат по домовите и со песна на вратите ја навестуваат радосната вест за раѓањето на Исус Христос.

badnikarТрадиционалната бадникова прослава ќе се одржи пред Соборниот храм во Скопје, каде што на присутните ќе им се делат бадникови гранчиња. На прославата ќе присуствуваат и кумот и здравичарот, неврохирургот Јовица Угриновски и драматургот Братислав Димитров.

Вечерва, според традицијата, семејството се собира пред посната трпеза, каде што се врти лепче со паричка. Верувањето е дека кај оној што ќе се падне паричката, ќе има среќа во текот на целата година.

Бадник е ноќта на мирот и радоста, кога буден се чека Христовото раѓање.










{loadposition content9}