Skip to main content

Образование

Економското доби фотонапонска централа

Предадена во употреба новата фотоволтаична централа која, за потребите на средното општинско економско училиште „Св. Кирил и Методиј“.
 |  Голабовски Крсте  | 
Тимови

Потопли училници за учениците, а и помали сметки за струја, за средното Опшинско стручно училиште „Св.Кирил и Методиј“ од Охрид. Денес беше ставена во употреба новата фотоволтаична централа која, за потребите на средното општинско економско училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид, ја донираше компанијата ОКТА АД – Скопје. Градоначалникот Пецаков се заблагодари за донацијата од ОКТА и најави дека планот е сите училишта да добијат вакви централи, со цел зголемување на енергетската ефикасност и секако намалување на трошоците за електрична енергија, кои се и еден од најголемите финансиски проблеми на образовните установи во градов.

„Со реализација на овој проект ќе се постигне значајна заштеда на енергија и ќе се намалат трошоците на училиштето, што секако за нас има големо значење, бидејќи со тоа, остануваат повеќе средства за подобрување на другите аспекти од образовниот процес.02,08 (лепи) 02,37„Ние како општина имаме капацитет да ги сервисираме сите објекти во сопственост на Општина Охрид, да поставиме фотоволтаични централи. Тоа го започнавме со физибилити студија, којашто откако ќе заврши, ќе пристапиме кон одобрение за градба, за поставување на фотоволтаици“ – кажа Кирил Пецаков Градоначалник Охрид.

Централата е со моќност од 22 kW чини од 15-20.000 евра и ќе биде надополнување на новиот систем на греење на училиштето, преку топлотни пумпи, што значително ќе ги намали трошоците на оваа образовна институција, а секако ќе придонесе и за заштита на животната средина. Фотонапонската централа, нејзиното проектирање и поставување е комплетна донација од страна на компанијата ОКТА а.д. Скопје и е вистински пример за општествена одговорност, рече д-р Ристо Јаневски, Директор на енергетско планирање и развој во ОКТА. Тој подвлече дека реализацијата на овој прект е заеднички напор на општината, училиштето и ОКТА, а самата постапка на поставување на фотоволтаици не е едноставен процес.

„Нејзиното значење е големо, затоа што долгорочно се заменува дел од онаа енергија која што ја троши училиштето. 02,11(лепи)02,26„Самата постапка на поставување трае подолго, но ова е класичен пример каде со добра соработка и комуникација се спроведува постапката брзо, вклучително и таа конекција со ЕВН“, – објасни д-р Ристо Јаневски – Директор на енергетско планирање и развој во ОКТА.

Трошоците за електрична енергија, кои особено во зимскиот период знаат да бидат навистина високи, се еден од најголемите финансиски предизвици на образовните установи, вели Ристе Јанкоски, директор СОСУ Св. Кирил и Методиј. Со оваа централа се очекува овие трошоци да се намалат за околу 50%.

„Годинава, со изградбата на новиот систем на греење, каде ќе се грееме на електрична енергија, каде и ќе произведуваме електрична енергија, значително ќе се намалат сметките за струја и мислам дека ќе имаме еден економичен систем за греење оваа година“, – кажа Ристе Јанкоски – директор СОСУ Св. Кирил и Методиј.

Инаку, до крајот на годинава, ОКТА планира да отпочне со изградба на фотоволтаична централа во кругот на рафинеријата, со моќност до 12 MW, со што ќе го збогати своето портфолио во делот на искористување на обновливи извори на енергија.