Skip to main content

Здравство

Се враќа носењето на маски во здравствените установи

Комисијата за заштита од заразни болести реши, повторно да препорача, до Министерството за здравство да се побара, задолжителното носење на маски во здравствените установи.
Маска

После еден час дискусија, Комисијата за заштита од заразни болести реши, повторно да препорача, до Министерството за здравство и до министерот да се побара, задолжителното носење на маски во здравствените установи. Препораката не важи за јавниот превоз и домовите за стари лица. Препораката ќе биде неформална за носење маски во аптеките. На инфективната клиника во Скопје се хоспитализирани седум лица а, досегашниот број на заразени во минатите триесеттина дена е 112 лица. Сеуште нема доволно инфективен материјал за да се утврди дали станува збор за ЕРИС подваријантата или друга подваријанта. На распоалгање се 50 илјади вакцини од Министерството за здравство, па се препорачува, старите лица, особено оние со други хронични болести, да го бустираат својот имунитет, кажа д-р Злате Мехмедовиќ координатор на комисијата за реформи во здравството.

„По деталните анализи коишто ги имавме и дискусијата која траеше час и половина, комисијата за заштита од заразни болести донесе една препорака која се однесува на задолжително користење на маските во здравствените установи. Тоа е со цел да се минимизира можноста за пренесување на заразата во здравствените установи каде имаме ранливи групи на пациенти кои може да бидат подложни на тешка компликација од Сарс Ков 2 вирусот и да се јави смртен исход. Од тие причини Комисијата за заштита заразни болести реши, повторно да препорача, до Министерството за здравство и до министерот да се побара, задолжителното носење на маските во здравствените установи“, – рече д-р Злате Мехмедовиќ координатор на комисијата за реформи во здравството.