Skip to main content

ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ никако да го реконструира угостителското училиште

„Успеавте само да го направите штаб на СДСМ преку партиските вработувања, а нема ништо од завршувањето, иако уште во ноември 2021 година е започната реконструкцијата на ова државно средно училиште кое е под надлежност на централната власт.“ – велат од ВМРО ДПМНЕ.
 |  инфодеск  | 
Вмро дпмне Охрид

Колку СДСМ се грижи за образованието и каков е нивниот влог во образованието ни кажува фактот дека тие никако не можат да ги реконструираат угостителското училиште „Ванчо Питошески“ и ученичкиот дом за ученииците да почнат настава со физичко присуство и да бидат сместени во домот, критикуваат преку соопштение од ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид.

„Успеавте само да го направите штаб на СДСМ преку партиските вработувања, а нема ништо од завршувањето, иако уште во ноември 2021 година е започната реконструкцијата на ова државно средно училиште кое е под надлежност на централната власт.“ – велат од ВМРО ДПМНЕ.

Иако беше најавено дека он лајн наставата поради градежни зафати ќе трае две недели, учениците сѐ уште не започнале со настава со физичко присуство. Од ВМРО ДПМНЕ прашуваат до кога раководството ќе ги лаже наставниците, самите ученици и нивните родители.

Го повикуваме џелатот во образованието, Жаклина Лазаревска и сега да оди и да се слика со ташната и шлемот, па да го видиме на дело нејзиниот влог на уништување. Кога ќе завршат градежните работи за целосна реконструкција на училиштето и ученичкиот дом? До каде е набавката на врвната професионална опрема за практична работа за усовршување на стручноста на учениците? Во училиштето владее хаос, никако да се заврши поставувањето на енергетско ефикасна фасада, се чека и промената на подовите, а за поставувањето сончеви колектори ќе се чека сигурно како и за лимот и кровната конструкција. Неспособноста на кадрите на СДСМ и катастрофалниот влог во образованието се гледа преку зградите на училиштето и домот кои веќе неколку години никако да се завршат, стои во соопштението од ВМРО ДПМНЕ Охрид.