Прекини во снабдувањето со електрична енергија во охридско струшкиот регион
Екипи на Електродистрибуција работат на терен за нормализирање на состојбите.
И денеска во Охрид и Струга прекини во напојувањето со електрична енергија. Вчера поради силното невреме во подрачјето на Струга и Охрид настанале дефекти на неколку трафостаници. Екипите на Електродистрибуција се на терен и работат на отстранување на истите, информираат од Електродистрибуција.