Регионaлниот центар за средно стручно образование и обука “Ванчо Питошески”- Охрид, од 28 септември до 1 октомви, ќе биде домаќин на единаесеттиот по ред, Мегународен натпревар на ученици од угостителски и туристички училишта (GATUS – 2023).
На натпреварот ќе учествуваат вкупно 15 училишта од местата: Марибор, Ново Место и Радовљица (Словенија), Опатија, Осиек и Сплит (Хрватска), Бања Лука и Предор (Босна и Херцеговина – Република Серпска), Белград, Смедерево и Лесковац (Србија), Бар и Херцег Нови (Црна Гора) и Охрид, Македински Брод (Република Македонија).
Ќе се натпреваруваат околу 200 учесници, во хотелот “Метропол – Белви”, на брегот на Охридското Езеро, каде ќе бидат и сместени, во дисциплините, угостителско послужување и подготовка на туристички аранжман, со посебен нагласок на планинскиот, рурален туризам.
Домаќините, на своите колеги и соученици, им подготвуваат изненадување со организиран разглед на најзначајните споменици на историјата и културата во старото градски јадро, манастирскиот комплекс “Свети Наум” и локалитетот- наколно живеалиште “Залив на коските”. Исто така, на гостите, со поздравни говори, ќе им се обратат претставник на Министерството за образование и наука, на локалната самоуправа од Охрид, како и директорот на РЦССО “Ванчо Питошески”, Марјан Радески.
На најдобрите и највештите учесници – ученици и ментори, ќе им бидат доделени признанија.