Skip to main content

Судење

Се одложи судењето против адвокатот Менкиноски

Менкиноски, кој се товари дека го нарушил јавниот ред и мир, истакнувајќи го знамето со сонцето на Кутлеш, вели дека подносителите на обвинението веќе третпат не доаѓаат на судењата па според правото треба да се донесе ослободителна поресуда. Како и претходните рочишта обвинетиот и утрово доби поддршка од група граѓани со развиорени знамиња пред судот.
 |  инфодеск  | 
Менкиноски

Во охридскиот суд се одложи судењето за случајот против адвокатот Тони Менкиноски кој се товари дека го нарушил јавниот ред и мир оти на празникот Водици во Охрид, кај „Долна Порта” го истакнал знамето со сонцето од Кутлеш.

Судијата Милчо Клишески од вчера бил на боледување па претресот се одложи на неодредено.

Менкиноски вели дека подносителите на обвинението веќе третпат не доаѓаат на судењата па според правото треба да се донесе ослободителна поресуда.

Воопшто никој не се појавува на судењата кој го поднел обвинението. Тие луѓе трипати не доаѓаат. Доколку имаа доблест можеа предметот да го пренасочат да го земе друг судија но сега е целта да се калкулира со овој предмет, да не се будат страстите кај македонците. Очигледно им е страв бидејќи не знаат како да се справат со овој предмет. Сакаат да ме осудат, не сакаат да донесат ослободителна пресуда која според правото треба да ја донесат оти тој што прејудицирал го нема да се појави и да образложи во судницата”, вели Менкиноски.

Пред судот и овојпат како и на сите досегашни рочишта група граѓани со развиорени знамиња, му дадоа поддршка на Менкиноски. Им порачаа на македонските власти дека никогаш нема да се откажат од знамето на Кутлеш, и тоа ќе остане засекогаш национален симбол кој ќе ја претставува државата.

0044„Уште еднаш се срамиме што власта презеде ваков непопуларен потег да еден патриот македонски кој ги бранит македонските интереси да биде изложен на судење за бранење на своите национални интереси”, вели Делчо Максимоски.

Ако имавме правна држава ќе имавме и држава. Ова се е замислено, политички наместено. Каде е Германецот кој го вееше албанското знаме”, рече Ташко Велоски.

На претходното рочиште Менкиноски во одбраната кажа дека не се чувствува виновен,бидејќи со истакнувањето на знамето на Кутлеш не прекршил ниту еден закон, и ниту меѓуароден договор. Менкиноски има уште една пријава за истакнување на „Сонцето од Кутлеш”, во знак на поддршка за осудените за 27 април.

Новинар Соња Рилковска