УХМР
Сончево со умерена облачност и посвежо време
Во претстојните денови ќе преовладува стабилно време со умерена облачност и со умерен ветер од северен правец.
Денеска во Охрид не очекува сончево време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната дневна температура ќе се задржи до 24-тиот степен.
Во Македонија во претстојните денови ќе преовладува стабилно време со умерена облачност и со умерен ветер од северен правец. Температурата ќе биде во рамките на просекот за овој период од годината.
Фото: Ѓоко Симјаноски


