Skip to main content

Охрид е хуман

Апел за помош на Алпај Муфти од Охрид

Сообраќајна несреќа го промени животот на 27 годишното момче. Да помогнеме заедно и да спасиме еден млад живот.
 |  инфодеск  | 
апел за помош

Семејството на 27-годишниот Алпај Муфти од Охрид испраќа апел за помош до сите добронамерни луѓе.

– Kобна сообраќајка му го смени животот на Алпај, младо момче на 27 години, скромно, воспитано, љубезно дете од прекрасно семејство. Тој неодамна се здоби со сериозни повреди, кои се опасни по живот, заради што е сместен во болницата „Систина“ во Скопје каде две недели беше во кома. Потребата од повеќе хируршки интервенции и процесот на лечење кој е бавен, носи високи трошоци, кои семејството не може целосно да ги подмири и затоа е потребна помош. Надежта е во народот знаен и незнаен. Кој колку има, кој колку може, за да му помогнеме на ова момче повторно да го живее животот со иста насмевка полна добрина и срдечност при секое „добро утро“. – стои во апелот за помош.

Отворен е и телефонски број за донации од Телеком – 070/143-424, а наскоро се очекува да се отвори и за А1.

Трансакциска сметка за донации:

Ozdizhan Mufti

за Македонија:

270-7000234130-33 Halk Banka

за странство:

IBAN code MK07270700027498188

SWIFT EXPCMK22

Да помогнеме заедно и да спасиме еден млад живот.