Skip to main content

Православните христијани го слават Христовото раѓање

“Христос се роди, навистина се роди“ – ова е поздравот со кој православните верници во четврток си го честитаат празникот Божиќ – денот на Христовото раѓање.

litrugija
литургија

“Христос се роди, навистина се роди“ – ова е поздравот со кој православните верници во четврток си го честитаат празникот Божиќ – денот на Христовото раѓање.

litrugijaВо сите храмови на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија утрово се одржуваат божиќни литургии. Централната богослужба е во Соборниот храм во Скопје.

Основната порака на Божиќ е помирувањето и мирољубието меѓу луѓето. Денот е посветен на љубовта, надежта и семејството. Поради ова, традиционално, празникот се прославува во домашна атмосфера, во кругот на семејството со богата трпеза.


Славењето на Божик започна во среда. Со кршење на лепче со паричка и посна вечера, верниците во домашна атмосфера ја чекаа радосниот вест – раѓањето на Бог Исус Христос.

Божик денеска го прославуваат сите православни цркви што се раководат според Јулијанскиот календар. Христовото раѓање, покрај верниците во Македонија, на 7-јануари го слават и во Србија, Црна Гора, Русија, Украина, Грузија и Египет.





{loadposition content9}