Skip to main content

Градско зеленило

Јавна презентација и расправа за извештајот за влијание врз животна средина на Стратегија за развој на зеленило на општина Охрид

Јавната  презентација и јавната расправа ќе се одржи на ден 20.10.2023г.  во големата сала на Општина Охрид,со почеток во 12 часот.
 |  инфодеск  | 
Дрворед Горица

Градоначалникот на Општина Охрид организира Јавна презентација и јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Стратегија за развој на зеленило на  Општина Охрид (2023-2032)

Ставен е на увид и јавна расправа Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за  Стратегија за развој на зеленило на  Општина Охрид (2023-2032).

Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина е изложен во Одделението за заштита и влијание врз животната средина во Општина Охрид секој работен ден  од 7:30  – 15:30 часот  почнувајќи  од 28.09.2023 год. до 27.10.2023 год. 

Јавната  презентација и јавната расправа ќе се одржи на ден 20.10.2023г.  во големата сала на Општина Охрид,со почеток во 12 часот.

Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Извештајот до Општина Охрид во рок од 30 дена од денот на објавување на оваа информација(27.09.2023).

Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење,забелешки и предлози  по Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина и истите можете да ги испраќате на е_маил : zivotnasredina@ohrid.gov.mk , или по пошта на следната адреса: Општина Охрид , ул. Димитар Влахов бр.57 Охрид.