Булинг има и во охридските училишта
Врсничкото насилство е присутно и во охридските училишта. Го има во сите форми, психолошко преку омаловажување и постмев, физичко со тепање и удирање, но и сајбер насилство исмејување во пораки или групи на социјалните мрежи.
Не постои стандардизиран унифициран протокол за постапување, велат професорите, но клучно во борбата со булингот е рано откирвање и навремена реакција од страна на сите чинители.
„Секое училиште интерно, внатрешно постапува по оние насоки, кодекси и правилници кои што ги има. А најпрво би се започнало со куќниот ред каде што се нели воспоставени сите правила и обврски на учениците. Потоа со правилниот за изрекување педагошки мерки каде што е наведено исто така однесувањето на самите ученици” – вели Перчо Божиноски професор во Охридската гимназија.
Повеќе невладини од Охрид со едукативни трибини се обидуваат да влијаат и на родителите и на професорите, но и на учениците во насока на намалување на булингот.
„Прво да апелираме до родителите затоа што ги запоставуваат децата. Исто така еден совет до наставниците да посветат повеќе внимание во училиштата затоа што во двоорите се прават доста тепачки, и повредувањена деца со навреди и потсмев” , вели Борис Џајко претставник од невладините.
Според психолозите и социолозите булингот е најприсутен кај адолесцентите, а најчеста жртва се повлечените и срамежливи деца Жртвите на врсничко насилство обично патат од чувство на страв, срам и фрустрации кои им прават да се чувствуваат беспомошно, незаштитено и осамено.
Новинар Соња Рилковска