НУ Центар за култура “Григор Прличев”-Охрид
„Нешто слатко“ со Сашко Коцев и Јелена Јованова на кино репертоарот на ЦК “Григор Прличев”
„Нешто слатко“ е филм полн со збунетост, забавни заплети и пресврти.
На кино репертоарот во НУ Центар за култура “Григор Прличев”-Охрид ќе се прикажува филмот „Нешто слатко“ во сабота 07.10.2023 година, со почеток во 20.00 часот. Очекувајте „Нешто слатко“ со актерите Сашко Коцев и Јелена Јованова.
„Нешто слатко“ е полн со збунетост, забавни заплети и пресврти, каде кариерата на Каја – организаторка на маркетинг конференции виси на конец кога нејзиниот главен адут Аце Мајсторовски – маркетинг гуру од Македонија го пропушта својот лет. За да се избегне катастрофа таа му наоѓа замена – локален слаткар кој што личи сосема на него.
Цена на карта 150 денари.