Skip to main content

Членството во ЕУ од аспект на развој на туризмот

Кампањата „Ние сме Европа” утре во Охрид

Утре во 18:00 часот, на плато пред ДОЛНА ПОРТА во Охрид, ќе се одржи отворена трибина на тема членството во ЕУ од аспект на развој на туризмот и заштита на животната средина.
 |  инфодеск  | 
Долна Порта Охрид

Во рамки на напорите на Владата на Република Северна Македонија, за исполнување на стратешката цел – полноправно членство во Европската Унија, Секретаријатот за европски прашања како дел од кампањата „Ние сме Европа” организира серија настани во повеќе градови низ државата, под мотото „Саем на европски вредности”. Настаните се од информативен карактер и имаат за цел да го продлабочат дијалогот со граѓаните за можностите и придобивките кои ги нуди пристапувањето и членството во ЕУ.

Кампањата „Ние сме Европа” предводена од Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќсе реализира во 8 градови низ државата и тоа: Прилеп, Битола, Куманово, Охрид Скопје, Струмица, Тетово и Штип, во рамки на што се организираат трибини и средби со граѓани, кои соодветно за секој од градовите, обезбедуваат информации и отвораат точки за дискусија на неколку теми и тоа: земјоделство, култура, енергетика, туризам, економија, млади, инфраструктура и социјала.

Секретаријатот за европски прашања и Владата на Република Северна Македонија ги афирмираат и промовираат европските вредности, во време на важни одлуки за продолжување на пристапниот процес во ЕУ, кои не’ засегаат сите нас, граѓаните и тоа во духот на демократијата, мултикултурализмот, владеењето на правото, почитувањето на фундаменталните и човековите права, итн.

По тој повод срдечно на 29 Септември (петок) 2023 со почеток во 18:00 часот, на локација плато пред ДОЛНА ПОРТА во Охрид, ќе се одржи отворена трибина на која ќе се обратат: Бојан Маричиќ – Вицепремиерот за европски прашања, Каја Шукова – Министерка за животна средина и просторно планирање. Љупчо Јаневски – Директор на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот и нашиот посебен гостин НЕ Грегор Прескер Амбасадорот на Република Словенија  на шестиот настан од кампањата „Ние сме Европа” во Охрид

Темата на трибината е членството во ЕУ од аспект на развој на туризмот и заштита на животната средина.