Времето денеска во Охрид сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.
Попладне ќе биде променливо облачно со локален дожд и услови за ретки грмежи. Максималната дневна температура ќе се искачи до 22 степени.
Во наредните денови следува период на стабилно време со умерена облачност. Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата ќе биде во рамките на просекот за овој период од годината.