Skip to main content

Општина Охрид

Привршува поставувањето нова атмосферска канализација на ул. „7ми Ноември“

Градоначалникот Кирил Пецаков изврши увид на активностите.
 |  инфодеск  | 
Атмосферска канализација на 7 ноември

Градежните активности за поставување на нова атмосферска канализација на улицата „7ми Ноември“ привршуваат. Градоначалникот Кирил Пецаков изврши увид на активностите.

„Можам да констатирам дека градежните зафати се одвиваат според предвидената динамика.“- вели градоначалникот.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Во моментов се прават приклучоци за атмосферска канализација со пресеците на улиците „Егејска“, „Кленоец“ и „Васил Главинов“, додека паралелно со тоа се одвива и спуштањето на каблите под земја.

Во наредниот период предвидено е да започнат активностите за изградба на тротоарските површини.

DCIM\101MEDIA\DJI_0286.JPG