Времето денеска во Охрид сончево со мала локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до 23 степени.
Во следните денови во Македонија продолжува периодот на релативно топло време со свежи утра и со повремена умерена облачност. Во четврток ќе има делумно зголемување на облачноста и услови за краткотраен локален дожд.