Skip to main content

МОН

Шаќири: До крајот на неделата очекувам да се достават сите учебници

Ако е потребно,  министерот посочи дека ќе побара од економскиот оператор да врши достава и за време на викендот.
 |  инфодеск  | 
Јетон Шаќири

Од  денеска почнала доставата на учебниците за шесто одделение. Министерот за образование,  Јетон Шаќири денеска изјави дека очекува до петок да бидат доставени сите учебници. Ако е потребно,  министерот посочи дека ќе побара од економскиот оператор да врши достава и за време на викендот.

Тој нагласи дека веќе претходно информирал дека учениците ќе ги добијат учебниците кон крајот на септември и почетокот на октомври.

Министерот не прецизираше колку од учебниците ќе добијат шестоодделенците, а без учебници годината ја почнаа и третоодделенците.

„Секој одобрен учебник доаѓа од Националната комисија за учебници. Доколку постои задоцнување на доставата од страна на МОН, одговорноста е на министерот. Сите учебници што се одобрени, веднаш се издадени со договор за нивно печатење. Тоа што за одредени учебници има жалбени постапки, не зависи од министерот.“ – рече Шаќири.