Skip to main content

Комисија за проценка на штети

Обработени се 98% од барањата на граѓаните за обесштетување од невремето од месец јуни

Комисјата за проценка на штети, после страшното невреме кое кон крајот на месец јуни ги зафати општините Охрид и Дебрца, речиси ја заврши својата задача. Обработени се 98% од барањата кои граѓаните ги доставија до архивата на Општината, за направените штети и врз земјоделските култури и врз објектите за домување.  Немуорно во изминативе неколку месеци тие на терен направија увид во направените штети.
 |  Голабовски Крсте  | 
nevreme

Билансот после невремето, кое во месец јули речиси во целост уништи земјоделски насади и направи  голема материјална штета на објекти за домување,  особено во населбите „Видобишта“ и „Гоце Делчев“ во Охрид, кажува дека најмногу настрадале земјоделските површини. Значителна штета е направена и врз објектите за домување, но не во толку голем обем.

Комисјата за проценка на штети, речиси ја заврши својата задача. Обработени се 98% од барањата кои граѓаните ги доставија до архивата на Општината, за направените штети како  врз земјоделските култури такаи врз објектите за домување.  Немуорно во изминативе неколку месеци тие на терен направија увид во направените штети. Останува уште мал број локации врз кои треба да се направи ивид, по што следува изработка на Елаборат за направената штета, кој треба да се достави до Советот на општина Охрид.

Од Локалната велат дека елаборатот  откако ќе помине пред Советот ќе биде доставен до Влада, преку Министерството за земјоделство, како ресорно министерство кое треба да интервенира. Додека за штетите направениврз објектите за домување, кои се помали може да ќе се чека одлука дали ќе бидат покриени од самата општина Охрид или со помош на Владата. 

Инаку само во првите два дена после невремето беа поднесени повеќе од 400 барања за обештетување, од кои најголем дел се поднесени од страна на регистрирани земјоделци. Не е за занемарување и бројот на штети кои невремето ги направи и врз објектите за домување, особено во населбите „Видобишта“ и „Гоце Делчев“ кои и беа најпогодени од невремето.