СВР Охрид
Казнети 39 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината
Засилени сообраќајни контроли на територија на Секторот за внатрешни работи Охрид.
На 01.10.2023 во периодот од 10.00 до 15.00 часот на подрачјето на СВР Охрид, извршени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 39 возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената (Охрид-10, Струга-11, Кичево-15,Дебар-03), информираат од СВР Охрид.


