УХМР
Сончево со температура до 22 степени
Преку денот мала локална облачност и со слаб ветер од променлив правец.
Времето денеска во Охрид, по свежото утро со температура до 8 степени, преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Максималната дневна температура ќе достигне 22 степени.
Стабилно време метеоролозите најавуваат и за среда. Во четврток и петок во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста и услови за краткотраен локален дожд.


