Skip to main content

ВМРО ДПМНЕ

Денеска од Охрид ВМРО-ДПМНЕ започнува со теренска кампања „Важно е! Од тебе зависат промените“

Кампањата, како што информираат од ВМРО – ДПМНЕ, ќе биде во два дела, средби со целни групи и граѓани и дебати.
 |  инфодеск  | 
Вмро дпмне Охрид

ВМРО-ДПМНЕ денеска од Охрид започнува со теренска кампања „Важно е! Од тебе зависат промените“.

Кампањата, како што информираат од ВМРО – ДПМНЕ, ќе биде во два дела. Во текот на неделата претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе има по две теренски посети на општини, каде што ќе оствари средби со голем број на целни групи, како и средби со граѓани. Најавени се и по две дебати во текот на неделата во различни општини.

Денеска на стартот на кампањата, во 12:00 часот претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе оствари средба со туристичките работници кај автопатот Кичево – Охрид, при што ќе биде дадена изјава за медиуми.

Потоа, Мицкоски ќе оствари средба во с. Подмоље кај колекторската станица.

Мицкоски, на Кејот на Охридското езеро ќе има средба со група пензионери.

Во спортскиот центар Билјанини извори пред сеуште неизградениот пливачки базен, Мицкоски ќе оствари средба со претставниците на пливачките клубови.

Понатаму, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ќе има средба и разговор со граѓаните во с. Трпејца за државен проект за изградба на канализациона мрежа.

Во 18:00 часот во с. Пештани, Мицкоски ќе изврши увид во изградбата на спортското игралиште и веднаш потоа ќе оствари средба со граѓаните, при што ќе се обрати пред присутните.

„Македонија се наоѓа на крстосница! Изборот е повеќе од јасен: или ќе продолжи бездушната апатија која како вртлог ги влече луѓето кон дното или ќе ги промениме работите. Тука не се работи само за националните деградирања, обезличувањата, колективните срамови, ударите по достоинството, честа и сиромаштијата – туку и навредата на интелигенцијата на секој човек. Обидите да поверувате дека ништо не зависи од вас кога се’ е во вашите раце, да мислите дека личноста не може ништо кога вие можете се’. Состојбата е тешка и многу лоша. Економијата е на колена.“ се наведува во соопштението од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.