Skip to main content

Општина Охрид

Дел од ул „Димитар Влахов“ утре затворен за сообраќај

Сообраќајот на овој потег од улицата ќе биде прекинат во периодот од 7 часот до завршување на градежните активности.
 |  инфодеск  | 
Работа на пат

Заради изведување на градежни активности, утре на 04.10.2023 година (среда) ќе биде затворена за сообраќај улицата „Димитар Влахов“, на потегот од пресекот со улица „Караорман“ до пресекот со улица „Јане Сандански“.

Сообраќајот на овој потег од улицата ќе биде прекинат во периодот од 7 часот до завршување на градежните активности.

Местото на изведување на градежните работи ќе биде соодветно означено и обележано.