Градоначалникот на општина Oхрид го објави Јавниот повик за доделување на еднократен паричен надоместок – образовен додаток за студенти кои потекнуваат од семејства со социјален ризик и студираат надвор од општина Охрид за академската 2023/2024 година.
Општина Охрид, во врска со својата надлежност за социјална заштита за академската 2023/2024 година ќе додели еднократен паричен надоместок – образовен додаток за студенти кои студираат надвор од општина Охрид и потекнуваат од семејства со социјален ризик, а се со место на живеење во општина Охрид.
Потребните документи заедно со изјавите треба да бидат доставени најдоцна 20 дена од денот на објавување на јавниот повик.
Во буџетот на општина Охрид се обезбедени 400.000 денари за оваа намена. Ќе биде овозможен паричен надоместок за максимум 66 студенти. Во случај на еднакви бодови селекцијата ќе се прави по принципот: „прв дојден, прв услужен „за што критериум ќе биде времето на пристигнување на апликацијата во Архивата на општина Охрид.
Јавниот повик ТУКА.