СВР Охрид поднесе кривична пријава против 57 годишен жител на Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”.
„Тој, на катарстарска парцела на улицата „Даме Груев” во Охрид, спротивно на Законот за градба и без соодветна документација за градба, издадена од надлежен државен орган, бесправно изградил стамбен објект за домување.“ – информираат од СВР Охрид.