Во рамки на одбележувањето на Неделата на млади, Клубот на млади од Црвен крст Охрид во соработка со НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во петок (6 октомври ) организира отворен ден.
Во периодот од 8:30 до 18:30 часот, сите млади читатели од прва година во средно образование, па се’ до 29 годишна возраст кои ќе ја посетат библиотеката, ќе добијат бесплатно годишно членство во библиотеката.
Целта на оваа активност е поттикнување на љубовта кон книгата и читањето меѓу младите.Црвен крст – Охрид и НУ Библиотека „Григор Прличев“ Ве канат во светот на книгите.
“Зачленувањето е бесплатно а дружбата со книгата е вистинско и непроценливо богатство.”- порачуваат од НУ Библиотека “Григор Прличев”.