Skip to main content

ЈП Градски пазар

ЈП Градски Пазар Охрид издава деловни простории под закуп

Пријавата за учество на јавното наддавање се поднесува во административните простории на ЈП Градски Пазар Охрид најдоцна до 10.10.2023  до 12  часот.
 |  инфодеск  | 
Градски пазар

ЈП Градски Пазар Охрид објави оглас за давање под закуп објекти (деловен простор) за период од две години.

Деловните простории се наоѓаат во административниот објект на јавното претпријатие на ул. Булевар Туристичка бр.79 Охрид.

  • Деловен простор евидентиран на кп бр.14766/4 со вкупна квадатура од 30 м2  и означен како деловен простор бр.3, со почетна цена на јавното наддавање од 14,349.56 денари или 0,5% од проценентата вредност на овластениот проценител.
  • Деловен простор  евидентиран на кп бр.14766/4 со вкупна квадатура од 30 м2  и означен како деловен простор бр.4, со почетна цена на јавното наддавање од  14,453.67 денари или 0,5% од проценентата вредност на овластениот проценител.

Пријавата за учество на јавното наддавање се поднесува во административните простории на ЈП Градски Пазар Охрид најдоцна до 10.10.2023  до 12  часот.

Огласот во целост можете да го прочитате ТУКА.

Детални информации врзани за објавата можат да се добијат во административните простории на ЈП Градски Пазар Охрид.