Skip to main content

24 часовен штрајк на угостителите

Угостителите решија- 24 часа ќе ги затворат локалите, како протест за новиот Закон за пушење. Владо Бучковски и Ѓорги Оровчанец, на почетокот на февруари ќе ја поднесат иницијативата за измени на Законот за пушење.

logo
лого

Угостителите решија- 24 часа ќе ги затворат локалите, како протест за новиот Закон за пушење. Владо Бучковски и Ѓорги Оровчанец, на почетокот на февруари ќе ја поднесат иницијативата за измени на Законот за пушење

pepeljaraВладо Бучковски и Ѓорги Оровчанец, двајцата народни избраници кои не се согласуваат со правилата за пушење цигари на почетокот на февруари ќе ја поднесат иницијативата за измени на Законот за пушење. Пратеникот од СДСМ, Бучковски, вели дека до крајот на месецов ќе собираат статистички бројки кои ќе ја поткрепат оправданоста за поднесување на иницијативата.

– Иницијативата ќе ја поднесеме симболично на почетокот на февруари, заедно со статистички бројки колку паднал прометот на угостителите по стартот на Законот за пушење, како и податоци кои ќе покажат колку е апсурдно постоењето на сегашниот Закон – вели Бучковски.

Со Оровчанец прават обиколка на пратеничките групи за да видат колку од нив ја поддржуваат нивната иницијарива. ВМРО-ДПМНЕ е последната партија што ќе ја посетат, но досега имаат поддршка од поголем број од народните избраници.

– Изненадени сме од позитивните сигнали од сите пратенички групи. Измените ќе бидат поддржани и од пратеници од владејачката група, кои го поддржаа сегашниот Закон – додава пратеникот од СДСМ.

Оровчанец и Бучковски го предлагаат австрискиот модел, според кој во локалите што се поголеми од 50 квадратни метри има посебна просторија за пушење, а висината на лиценцата зависи од квадратурата.

Во меѓувреме угостителите решија- 24 часа ќе ги затворат локалите. Во петок, 22 јануари во Македонија Скопје нема да работи ниту едно кафуле, ресторан, дискотека и кафеана. Тие велат дека по само 15 дена од стапувањето на сила на новиот Закон се чуствува голем пат на работата. Дел од сопствениците на угостителски објекти велат дека со овој промет ќе издржат само уште месец до два.

{loadposition content9}