Подобрени условите за учениците во подрачниот објект на ООУ „Кочо Рацин“ во село Долно Лакочереј.
„Со средства од буџетот на Oпштина Охрид извршено е комплетно уредување на влезот во училиштето, поставена е пристапна рампа за лица со посебни потреби и извршена е реконструкција на училишните тоалети.“ – информира градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.
Пецаков во објава на Фејсбук напиша дека локалната продолжува да инвестираме во образовните институции и да ги осовременуваме условите за настава.