Skip to main content

Поскапуваат цигарите

Со одлуката на владата акцизата на цигари, цигарилоси и пури ќе изнесува 9% од малопродажната цена по кутија.
 |  инфодеск  | 
Цигари

Од петок, 13 октомври, една кутија цигари ќе се продава за 5 денари поскапо, согласно дополнувањата на Законот за акцизите.

Имено, со одлука на владата на 05.10.2023 година донесени и објавени се измените и дополнувањата на Законот за акцизите кои на сила стапуват од 13.10.2023 година.

Со одлуката на владата акцизата на цигари, цигарилоси и пури ќе изнесува 9% од малопродажната цена по кутија.