Повод 15ти октомври, Светскиот ден на занаетчиството, Младински Центар Охрид, организира Саем на рачни изработки за локални мали бизниси.
Саемот за рачни изработки ќе се одржи на плоштадот Христо Узунов во периодот од 12ч до 15ч.
На саемот ќе бидат изложени креациите на охридските локални мали бизниси за рачни изработки.
Од МЦО Охрид ги покануваат граѓаните да го посетат саемот со што ќе ги поддржат занаетчиите во нивната работа.