И во есен Охрид полн со туристи
На прагот на есента Охрид се уште е исполнет со туристи. Голем број странски групи секојдневно имаат прошетки на брегот на Охридското Езеро. Оваа сезона десетици илјади гости од Холандија и Англија го посетија главниот туристички центар.
Добрите познавачи велат како никогаш претходно годинава имаше туристи од сите страни на светот.
„Она што радува за сезоната 2023 е што имаше голем вариетет на странски гости бевме сведоци изминатите години капацитетите делумно да бидат закупени од гости од Холандија, од Турција и соседните држави, меѓутоа оваа година бевме сведоци дека имаме гости од Скандинавските земји, голем број на гости од Чешка, Словачка. Полска и тоа радува и заради тоа бројките се видно пораснати процентите го покажуваат. Сума сумарум можам да кажам дека иамвме повеќе од успешна сезона”, вели Челик Асим партнер агент на тур операторот ТУИ.
Патната инфраструктурата ,недоволниот број на паркинг места и ниската еколошка свест е она на што најчесто се жалат странските туристи кои одмараат во Охрид,наспроти тоа воодушевени се од гостопримството ,храната и природното и кутурното богатство.
„Гостопримливоста на луѓето, ние сме познати по тоа, гастрономијата секако нашата природа, културното наследство она што го поседува градот Охрид што е наше карактеристично со тоа гостите се воодушевуваат“– додава Асим.
Туристичките работници велат дека веќе се прават подготовките и договорите за следната туристичка сезона која очекуваат да биде уште подобра од 2023, година која испиша рекорди надминувајќи ги бројките на ноќевања и број на туристи од 2019.
„Програмите, договорите и сите планови се прават сега во септември на почеток од октомври, така што се очекува добра 2024 година да кажам оптимистички да биде 20 до 30% подобра од оваа година ќе биде феноменално”– посочува Асим.
За идната година се очекува зголемување на бројот на холандските и англиските туристи за 15-20 проценти.
Новинар Соња Рилковска