Skip to main content

ЈП „Охридски Kомуналец” Oхрид

Акција за подигнување на кабаст отпад во Видобишта во сабота

Кабастиот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или други пристапни места предвидени за подигнување комунален отпад и и претходно локацијата да се пријави на дежурниот телефон
 |  инфодеск  | 
Кабаст отпад

ЈП „Охридски Kомуналец” на 14 октомври, сабота, ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) од У.З.11 Видобишта.

Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 14.10.2023 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот, велат од јавното претпријатие.

Кабастиот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или други пристапни места предвидени за подигнување комунален отпад.