Skip to main content

Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад

Поевтинува дизелот

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,97 отсто.
 |  инфодеск  | 
Горива

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара по литар, а цената на другите нафтени деривати останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,97 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) е 81, а на Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) 80 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се продава за 81 денар за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 83 денари за литар, а Мазутот М-1 НС за 45,087 денари за килограм.