Skip to main content

УХМР

Сончево и топло време со температура до 24 степени

Во деновите од викендот,во Македонија ќе се задржи сончево време со свежи утра, а релативно топло преку денот.
 |  инфодеск  | 
Foto Gjoko Simjanoski

По свежото утро со температура до 9 степени, преку денот во Охрид ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната дневна температура до 24 степени.

Во деновите од викендот,во Македонија ќе се задржи сончево време со свежи утра, а релативно топло преку денот. Во текот на ноќта кон понеделник се очекува продор на студена воздушна маса од север, проследен со засилен северен ветер и нагло опаѓање на температурата, особено во северните делови. Во почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно и посвежо со услови за локален дожд. Во понеделник ќе дува умерен до засилен северен, а во вторник јужен ветер.

Фото: Ѓоко Симјаноски