Министерство за труд и социјална политика
Кампања на МТСП: Младите да зборуваат отворено за менталното здравје
Целта е да ги поттикнат младите (15-29 години) отворено да зборуваат за предизвиците на менталното здравје и да го дестигматизираат менталното здравје воопшто преку пристап заснован на игра.
| инфодеск | Македонија
Денеска Министерството за труд и социјална политика со поддршката на УНИЦЕФ, а во соработка со Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи започнуваат низа од 16 настани во различни градови за подигнување на јавната свест за менталното здравје.
Целта е да ги поттикнат младите (15-29 години) отворено да зборуваат за предизвиците на менталното здравје и да го дестигматизираат менталното здравје воопшто преку пристап заснован на игра.
Првиот од низата настани е пешачка рута која ќе се одржи денеска во Струмица со што ќе биде означен почетокот на кампањата.