Средба Груевски-Расмусен
Македонскиот премиер Никола Груевски во петок во Брисел треба да оствари средба со генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен.
Македонскиот премиер Никола Груевски во петок во Брисел треба да оствари средба со генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен.
На средбата се очекува да се разговара за достигнувањата и перспективите на Република Македонија за членство во Алијансата, како и за досегашните и идните реформи на земјата во рамките на евро-атлантските интеграции.
Премиерот Никола Груевски пред заминувањето за Брисел изјави дека не очекува премногу од средбата со Расмусен, но, нагласи дека таа е многу важна за да може генералниот секретар подобро да го разбере нашиот проблем што го имаме со Грција за спорот околу името.
„Моите очекувања од средбата се да поразговараме за проблемот, да ги објаснам позициите на нашата и на другата страна, проблемите со кои се соочуваме и суштината за повеќе да разбере бидејќи, сепак, тој е нов на таа позиција, рече Груевски.
Тој најави и дека ќе ја искаже волјата на македонската страна за решавање на спорот и за приклучување во НАТО, како и за продолжување со учеството во мисиите на Алијансата од кои државата не планира да се откаже и покрај грчките блокади.
{loadposition content9}