Skip to main content

TUI

Не се укинуваат летови од Велика Британија туку ќе се реализираат од Манчестер

Нема укинување на летови од Велика Британија за наредното лето. Објаснувањето од Челик Асим на КТМ Војаж партнер на ТУИ Холандија е дека и двата лета остануваат, но дека ќе се реалзираат од еден аеродром, оној од Mанчестер. Причина e недоволниот број на слотови особено на европските аеродроми, што пак е и најголемиот проблем на туроператорите.
 |  Голабовски Крсте  | 

Нема укинување на летови од Велика Британиjа со авиокомпанијата „ТУИ Ервејс“. Компанијата објави дека не планира да ги обнови сезонските летови меѓу Лондон и Охрид наредното лето, но британските туристи, кои досега за Охрид летаа од два аеродроми сега со два или можеби три лета, ќе летаат само од аеродромот од Mанчестер, објаснува Асим Челик менаџерот на КТМ Војаж партнер на ТУИ Холандија.

Сите оние летови од TUI UK, коишто летаа за Охрид, има мала промена, но нема никакви прекинувања, напротив сега ние имаме околу 500 лица кои имаат букирано за 2024, што значи дека луѓето уште сега имаат букирано за идната година, а тоа е добро. Имаат подобра состојба на букирања, зборувам за Велика Британија отколку Холандија.” – вели Челик Асим

Причината е проблемот со слотови на Лондонските аеродроми, или местата за полетување и слетување, во одреден ден и час. Летовите ќе бидат два еден во среда другиот во сабота, од аеродромот од Манчестер, а според интересот, воведување трет лет е многу веројатен, информираше Челик. Недоволниот број на слотови особено на европските аеродроми е и најголемиот проблем на туроператорите.

Ако годинешниов број на посети е индикатор, до година се очекува пораст за дури 20 % на посети. Но од година во година се менуа и структурата на туристите. Што пак бара менување и на туристичката понуда.

Има голема разлика, изминатите неколку години имаме популација која е видно помлада од почетокот. Значи имаме просек од 45-60 години па и помлади, во јули и август имаме гости од 25 до 50 години , генерацијата која доаѓаше од 75-85 е видно намалена. Неколку пати сме имале и состаноци , но потребна е стратегија која не зависи од нас, ние треба да бидеме дел од таа стратегија како дел од неа или сегмент кој носи туристи во Охрид и Македонија, па чекаме поддршка од државава. “- вели Челик.

Челик посочува дека за жал Охрид е сиромашен во туристичката понуда особено за младите туристи. Во лето има мал број на активности, кои се недоволни, за да бидеме поатрактивни за гостите. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јули 2023 година изнесува 197 273, од кои 46.0 % се домашни туристи, а 54.0 % се странски туристи.